Гризман е желбата на ПСЖ за наследник на Нејмар

Нејмар е се поблизу до заминување од ПСЖ, откако последните шпекулации кои го поврзуваа Бразилецот со враќање во Барселона ги налутиле челниците на францускиот првак. Претседателот Ал Келаифи во неколку наврати му даде безрезервна поддршка на Нејмар, но новиот флерт со каталонскиот гигант го разочарал првиот човек на „светците“ кој почнал да разгледува нови опции за засилувања за наредната сезона.

Голема желба на Келаифи е да го доведе Антоан Гризман, како домашно засилување на францускиот првак кој е исполнет со странски мегаѕвезди. ПСЖ се надева дека со доведувањето на Гризман би си ги зголемил и шансите за трансфер на Пол Погба, кои заедно со Мбапе би формирале атомско француско трио во таборот на „светците“. За ангажманот на Гризман веќе се подготвени 150 милиони евра, пари што треба да се доволни за голгетерот на пристигне на „Паркот на принцовите“.

Француските медиуми објавија дека ПСЖ е подготвен да го продаде Нејмар за 220 милиони евра, што би значело враќање на парите што пред нешто повеќе од една година беа платени на Барселона за овој фудбалер. Доколку ги реализираат двата трансфери, „светците“ би оствариле и добивка од огромни 70 милиони евра, пари што би биле искористени за ангажман на уште еден врвен играч во текот на наредното лето.

Се вчитува...