Гризман го израмни рекордот на Меси

Антоан Гризман испиша историја откако денеска го израмни рекордот на Лео Меси, како странец со најмногу настапи во шпанската Ла Лига.

Вечершаното дерби против Барселона е вкупно 520. меч за Гризман во елитното шпанско фудбалско друштво, исто колку што имаше и Меси во својата блескава кариера. Французинот кој беше избран за најдобар фудбалер на Ла Лига во сезоната 2015/16 има вкупно 198 гола и 85 асистенции во шпанскиот шампионат.

Тој првата авантура во Шпанија ја имаше како член на Реал Сосиедад, по 141 одигран меч за овој клуб се пресели во Атлетико, потоа имаше и кратка авантура во Барселона пред да се врати назад во тимот на Диего Симеоне.

Се вчитува...