Гризман има „дил“ со Барса, ова се бројките….

Антоан Гризман има постигнато договор за преселба во Барселона, прифаќајќи ги условите понудени од страна на каталонскиот гигант. Французинот е достапен за отштета од 100 милиони евра, клаузула што Барса ќе ја активира пред почетокот на СП 2018, а каталонскиот весник „Спорт“ објави детали од „дилот“ на новиот шпански првак со францускиот ас.

Според овие информации, Гризман ќе потпише петгодишен договор за плата од 15 милиони евра по сезона, со што тој ќе стане втор најплатен фудбалер во Барселона, зад недопирливиот Лионел Меси. Покрај тоа, Французинот ќе има и богати бонуси во зависност од бројот на постигнати голови, како и за секој освоен трофеј во дресот на Барса.

Доаѓањето на Гризман речиси сигурно ќе значи и заминување на Дембеле, кој не ги оправда очекувањата по ланскиот трансфер од Борусија Дортмунд на „Камп ноу“.

Се вчитува...