Гризман испрати жестока порака до Куман по синоќешната победа на Франција

Франција синоќа славеше против Хрватска во Загреб со 1-2 во Лигата на нации, во натпревар во кој одлична партија одигра Антоан Гризман.

Со оглед на тоа дека не брилјира во дресот на Барселона, синоќешната негова игра беше доволно да испрати интересна порака до својот тренер во каталонскиот клуб.

„Се чувствувам одлично кога сум во репрезентацијата. Главна причина е тоа што тренерот знае што сакам да играм и што има огромна доверба во мене. Тоа е разликата“ – истакна Гризман.

Во дресот на Барселона францускиот репрезентативец речиси и да не добива шанса од Куман. Неизвесен ќе биде неговиот статус и по оваа последна изјава.

Се вчитува...