Гризман: Кога потпишав за Барселона, му се јавив на татко ми и почнав да плачам

Францускиот интернационалец Антоан Гризман е најголемото засилување за Барселона во летниот преоден рок. Тој дојде од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра, а мадридскиот клуб отвори и случај барајќи уште дополнителни 80 милиони евра. Долг период беше најавуван неговиот трансфер на „Камп Ноу“ и Гризман вели дека поминал низ многу стресен период.

„Кога потпишав за Барселона, многу ми олесна. Знаете дека ќе се случи, но секој ден сте во исчекување. Некогаш и немате трпение, сакате да се случи многу побрзо. Кога ставив потпис на договорот со Барселона, му се јавив на татко и почнав да плачам“, изјави Антоан Гризман.

Барселона се обидува да го врати на „Камп Ноу“ и Нејмар и да создаде неверојатна навална линија, заедно со Лионел Меси и со Луис Суарез.

Се вчитува...