Гризман направи лажна тревога, Барса и Атлетико остануваат во исчекување

Антоан Гризман направи лажна тревога во европската фудбалска јавност откако денеска најави прес-конференција, на која се очекуваше Французинот да обелодени дали ќе остане во Атлетико Мадрид или ќе инсистира на трансфер во Барселона. Тој претходно најави дека конечната одлука ќе ја објави пред почетокот на СП 2018, но на денешната прес-конференција во Русија експресно ги „олади“ оние кои очекуваа информација за иднината.

Денеска не е тој ден кога ќе говорам за иднината, тука сум за да зборувам за француската репрезентација“ – со насмевка го почна својот разговор асот на Атлетико Мадрид.

Тој остана на ставот дека одлуката ќе ја обелодени пред премиерниот меч на СП, што Франција в сабота ќе го игра против Австралија со почеток во 12 часот. Во таборот на Атлетико од ден на ден е се поголем оптимизмот дека нивниот најдобар фудбалер ќе ја прифати понудата за нов договор, што ќе значи и одбивање на мегатрансферот во Барселона вреден 100 милиони евра.

Се вчитува...