Гризман не дозволи кралско славје во Мадрид

Големото мадридско дерби меѓу Реал и Атлетико во рамките од 31. коло од Примера дивион заврши без победник, 1-1.

И двата тима имаа свои шанси за победа, но од ваквиот исход повеќе мора да жалат „кралевите“, кои имаа повеќе од играта, го диктираа темпото и заслужено поведоа преку Кристијано Роналдо на стартот од второто полувреме. Дури по примениот гол гостите се разбудија и израмнија преку Гризман во 57. миинута, за веднаш потоа да создадат и нова стопроцентна шанса, но Кејлор Навас извонредно го одбрани ударот на Коке, спречувајќи пресврт.

Во ситуација кога титулата во Примера е веќе загубена, Зинедин Зидан на триесетина минути пред крајот реши да го повлече од игра Роналдо, ставајќи го на негово место Бензема. Реал беше подобар во самата завршница, но домашните фудбалери не успеаја да најдат начин повторно да го совладаат Облак, па денешното дерби заврши без победник.

Се вчитува...