Гризман: Не ми е јасно зошто ми измислуваат приказни за трансфери

На Антоан Гризман му е смачено секојдневно медиумите да го поврзуваат со клуб кој не е Барселона иако и тој и луѓето околу него јасно кажаа дека тој има намера да го исполни договрот до крајниот термин 2024 година. Францускиот репрезентативец повторно и по репрезентативниот настап за неговата земја доби прашања на оваа тема и повторно рече дека не му е јасно зошто постојано му се измислуваат приказни за наводен трансфер.

„Дали мојата иднина е во Барселона? Да. И не знам зошто луѓето измислуваат различни дестиации за мене секој ден. Веројатно се натпреваруваат кој ќе погоди. Јас сум многу добро, ја имам довербата на тренерот и на клубот. Имавме компликувана сезона, но сега е нов почеток“ – вели Гризман.

Низ медиумите во Шпанија и во Англија, Гризман беше поврзуван со потенцијален трансфер во неколку клубови. Но, според неговата последна изјава станува јасно дека францускиот репрезентативец ќе биде дел од тимот на новиот тренер, Роналд Куман.

 

Се вчитува...