Гризман не сака да оди во ПСЖ во размена за Нејмар

Францускиот интернационалец Антоан Гризман ја одбил можноста да замине во Пари Сен Жермен во размена во која Нејмар би се вратил на „Камп Ноу“. Агентите на Бразилецот подолг период бараат начин да ја исполнат желбата на Нејмар за враќање во Барселона, но, сепак, висината на трансферот го прави обидот речиси невозможен, посебно во ова време на глобална криза од пандемијата на коронавирусот.

Една од идеите беше Гризман да се пресели во ПСЖ, но Французинот тоа го одбил со интересна напомена дека е голем навивач на Олимпик Марсеј во францускиот фудбал и дека не сака да биде дел од големиот ривал ПСЖ.

Гризман минатото лето се пресели во Барселона, одигра 26 натпревари за каталонскиот тим и постигна осум гола. Сепак, не ги оправда очекувањата на супер-засилување во навалната линија.

 

Се вчитува...