Гризман погоди, Облак одбрани – Атлетико победи

Атлетико Мадрид во второто коло ја забележа и првата победа во „Ла Лига“ сезонава, и тоа со минимални 1-0 против Рајо Валјекано.

Иако против себе го имаа еден од најголемите аутсајдери во лигата, избраниците на Диего Симеоне одиграа потпросечен натпревар во кој за победа доволен им беше голот на Антоан Гризман постигнат во 64. минута.

Херој во финишот беше голманот Јан Облак, кој одбрани две одлични шанси на гостите, за прва радост на „јорганџиите“, по стартното реми со Валенсија.

Се вчитува...