Гризман потпишува за ПСЖ?

Францускиот интернационалец Антоан Гризман е на прагот да се врати во татковината и да го облече дресот на Пари Сен Жермен. Раководството на „светците“ сака да ја искористи ситуацијата околу напаѓачот кој веќе објави дека заминува од Атлетико Мадрид, а се уште е далеку од трансфер во Барселона. Каталонскиот гигант сепак го чека 1 јули, кога отштетната клаузула во неговиот договор ќе се намали на 120 милиони евра, а ПСЖ може со брз маневар и уплата од 200 милиони евра да дојде до потписот на Гризман. Тој треба да биде замена за Единсон Кавани.

За францускиот репрезентативец постои интерес и во Премиер – лигата, но Манчестер Јунајтед е сепак последна од опциите кои му се на располагање на досегашниот голгетер на Атлетико Мадрид.

Се вчитува...