Гризман „пресече“ – останува во Атлетико, Барса со празни раце

Антоан Гризман конечно ги разреши дилемите околу својата иднина, вечерва објавувајќи дека својата кариера ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид и во наредната сезона. Французинот преку видео-порака ја обелодени својата одлука да одбие мегатрансфер во Барселона, за да остане и да потпише нов договор со тимот на Диего Симеоне.

Видео-пораката траеше повеќе од дваесет минути, во кои Гризман ги објасни своите размислувања и дилеми околу трансферот – за на крајот да ги израдува фановите на Атлетико.

„Решив да продолжам“ – гласеше толку очекуваната изјава на голгетерот, со која се става крај на трансфер-сагата.

Се очекува реакцијата на каталонскиот гигант, кој се надеваше дека со Гризман ќе доведе мегазасилување за нападот, па интересно ќе биде да се види кој ќе биде „планот Б“ на Барса за

Се вчитува...