Гризман се прости со фановите на Барсеалона – „Дадов буквално се за овој дрес“

Антоан Гризман се врати во Атлетико Мадрид откако доцна синоќа замина од Барселона. Французинот ќе замине на едногодишна позајмица во главниот град на Шпанија, а догодина „јорганџиите“ ќе го откупат неговиот договор за 40 милиони евра.

Гризман се прости со навивачите на Барселона велејќи дека дал буквално се за дресот.

„Почитувани фанови. Ви кажувам збогум со голема благодарност за вашата љубов. Дадов буквално се за овој дрес. Бев дел од овој голем клуб и само жалам што не бев во можност да уживам повеќе со вашата поддршка на трибините. Сепак, горд сум што во животот бев дел од овој голем клуб“, напиша Гризман.

 

Се вчитува...