Гризман: Во 3 часот наутро зборував со жена ми за Барселона

Францускиот интернационалец Антоан Гризман изминатото лето имаше голема дилема, дали да остане во Атлетико Мадрид или да ја прифати понудата на Барселона. Каталонскиот гигант имаше силна желба да го доведе на „Камп Ноу“, а тој открива дека не спиел со ноќи, размислувајќи за тоа.

„Долго размислував за понудата на Барселона. Една ноќ станав во 3 часот наутро, ја разбудив и сопругата и ја прашав дали треба да се преселиме во Барселона. Таа не ми помогна, ми рече јас да одлучам. Потоа ги прашав и родителите. Едниот беше „за“, другиот „против“. На крајот, еве сум уште во дресот на Атлетико Мадрид“, изјави Гризман.

Напаѓачот го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до 2023 година.

 

Се вчитува...