Гризман во НБА стил – дава прстени на шампионскиот тим

Францускиот фудбалер во дресот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, на посебен начин го прослави триумфот против Реал Мадрид во европскиот Супер куп. Тој на својот профил на Инстаграм објави фотографија во НБА стил, со шампионски прстени со амблемот на Атлетико Мадрид за секој член од тимот.

Гризман кој е голем фан на НБА, воведува дел до американската култура во европскиот фудбал. Истиот гест фудбалерот го направи и со репрезентацијата на Франција по победата на СП во Русија.

На својот Инстаграм профил тој претходно постави фотографија со победничкуиот пехар од Супер купот и уште една графика на која Серхио Рамос му ја става круната на глава.

Се вчитува...