Антоан Гризман би можел да се врати назад во Атлетико Мадрид откако актуелниот првак на Шпанија ги актуелизирал преговорите со Барселона. Според шпанските медиуми, Атлетико сака да дојде до Гризман во директна размена за Жоао Феликс, трансфери со кои двата клуба би биле задоволни. Истите извори тврдат дека преговорите се во напредна фаза и лесно може да се случи Гризман да се врати назад во Мадрид, а португалскиот генијалец кариерата да ја продолжи на „Камп Ноу“.
Извори блиски до Атлетико тврдеа дека веќе се одбиени неколку понуди и Феликс сигурно ќе остане на „Ванда“, но со последниот развој на настаните самите челници на Атлетико сакаат да се ослободат од фудбалерот за кого платија над 100 милиони евра, но никогаш не ги оправда очекувањата. Симеоне сака дополнително да го засили нападот, а Гризман е играч што е добро запознаен со системот на игра на аргентинскиот стратег и воопшто нема да му биде потребнбо време за адаптација.
Од друга страна, Гризман никогаш не се вклопи во системот на игра на Куман и Барселона, сега веќе вината не може да се бара ниту кај Лео Меси, па навивачите на каталонскиот гигант се погласно го исвиркуваат Французинот на секој нареден натпревар. Брзата игра на Барса е нешто што би му одговарало на Жоао Феликс, но останува да се види дали двата лути ривали можат да се договорат во „пет до дванаесет“ и во последниот ден од преодниот рок да ја комплетираат оваа супер-размена на големите ѕвезди на фудбалската игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА