Макрон призна: Точно е, помогнав Мбапе да остане во ПСЖ!

Откако во претходните денови излезе информација дека претседателот на Франција имал клучна улога во преговорите со Килијан Мбапе да остане во ПСЖ, во јавноста излезе и Емануел Макрон, кој потврди дека сето ова е вистина.

Ќе потсетиме, Мбапе имаше скоро договорен трансфер во Реал Мадрид и се очекуваше од наредната сезона да го гледаме во редовите на „кралевите“, сепак на крајот ПСЖ во последен момент успеа да го убеди Французинот да стави потпис на нов договор.

Макрон сега во изјава за медиумите потврди дека разговарал со Мбапе пред да ја донесе одлуката да остане во Париз.

„Точно е, разговарав со Мбапе пред да одлучи каде ќе продолжи. Искрено го советував да остане во Франција. Јас сум претседател на земјата и моја одговорност е да застанам во одбрана кога тоа е побарано од мене на неформален и пријателски начин. Во некој трансфер никогаш не сум интервенирал. Како и секој друг граѓанин и јас сакам да гледам добар натпревар и да навивам за мојот омилен тим, Марсеј“, изјави Макрон.

Мбапе на крајот го продолжи договорот со ПСЖ на три години и сега истиот има важност до 2025 година.

Се вчитува...