ГРК Охрид стартуваше со подоготовките за новата сезона во Суперлигата

Ракометниот клуб Охрид официјално ги стартуваше подготовките за новата сезона во Супер лигата. „Гладијаторите“ деветтата сезона во суперлигашкото друштво ќе ја почнат со мали измени во ростерот.

Нови ракометари се Алекса Петровиќ (десен бек), Мице Шилегов (десно крило), Филип Грубор (пивот) и Никола Ристески кој е приклучен од младинските категории. Ростерот ќе биде затворен со голман кој ќе му прави друштво на Јагош Брауновиќ.

Се вчитува...