ГРК Охрид убедлив против Радовиш

Ракометарите на ГРК Охрид ја запишаа и четвртата победа сезонава во домашниот шампионат откако вечерва на домашен терен ја оправдаа фаворитската улога против „фенерџијата“ Радовиш славејќи со 35-17 во премиерниот меч од 7. коло од новата сезона во Суперлигата.

Радовиш одигра солидно прво полувреме по кое имаше негатива од само пет гола против големиот фаворит 16-11. Сепак, охриѓани во вториот дел уфрлија во повисока брзина и на крајот стигнаа до убедлив триумф од 35-17.

Петриќ и Ѓукиќ со по шест гола беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените со ист број погодоци заврши Бобан Каковски.

Се вчитува...