ГРК Тиквеш е вториот финалист на „Крсте Андоновски – Усташ“

Ракометарите на ГРК Тиквеш се пласираа во финалето на турнирот „Крсте Андоновски – Усташ“ откако вечерва во второто полуфинале во неизвесен меч славеа над домаќинот Охрид со 22-24.

Во првото полувреме одбраните доминираа на двете страни, па гостите од Кавадарци на пауза заминаа со предност од два гола 8-10. Во второто полувреме продолжи големата борба. Домаќините успеаја да го внесат мечот во неизвесна завршница израмнувајќи на 22-22. Сепак, со два гола во финишот Тиквеш успеа да стигне до победа и учество во финалето.

Кај победникот Хамзиќ заврши со пет гола, додека Темелкоски и Симиќ погодија по четири пати. Кај поразените Ончев и Бојаниќ завршија со по седум гола. Утре во финалето Тиквеш ќе игра против српски Партизан кој во првото полуфинале по изведување на пенали беше подобар од Тинекс Пролет.

Се вчитува...