ГРК Тиквеш со крајни маки до победа над Струга

Ракометарите на ГРК Тиквеш 2014 спеаја да дојдат до победа над тимот од Струга, па со резултат од 28-25 запишаа нови поени, па со освоени 16 бода сега се наоѓаат на шестото место.

Домаќините наидоа на „тврд орев“, но нивната амбиција и мотивираност беше многу поголема, па најавија дека од овој двобој размислуваат само на победата. По првите триесет минути игра ракометарите на Тиквеш имаа позитива од два гола 13-11. Ваквиот пристап кон играта домаѓините го задржаа и во вториот дел, а крајниот исход резултуритапе со победа над Струга од три гола разлика.

Дрогришки Стефан со седум гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај РК Струга се истакна Блажески Бобан како најдобар стрелец со постигнати пет гола.

Се вчитува...