Гркот Циципас во Монте Карло го освои првиот мастерс-трофеј во кариерата

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас е победник на Мастерс-турнирот во Монте Карло.

Циципас во финалето го совлада Русинот Андреј Рубљов во два сета со 6-3 и 6-3, сосема заслужено стигнувајќи до првата своја мастерс-титула во кариерата.

Гркот на извонреден начин го заврши турнирот во Монте Карло без ниту еден загубен сет изминатава недела.

Се вчитува...