Грнчаров: Ова е историја за нас… Сега веќе ништо не можеме да загубиме, но да добиеме!

Капитенот на „вардарци“, Бобан Грнчаров не беше дел од екипата, поради суспензијата, на реванш дуелот против Фенербахче во Истанбул кој донесе историски пласман за Вардар во групната фаза од Лигата на Европа.

Но, Грнчаров и тоа како е сега подготвен да го понесе тимот кој вистинското уживање во европскиот фудбал оваа есен… Историјата за Вардар почнува со утрешниот дуел против руски Зенит на кој, како што вели Грнчаров, ништо не може да се загуби. Сега Вардар може само да добива…

„Ова се историски моменти за сите нас, и јасно е дека сега веќе не можеме што да загубиме туку само да добиеме и како играчи и како тим. Сакаме да покажеме дека не случајно сме во групната фаза, и уште против Зенит да одигравме нов квалитетен натпревар на домашен терен. Досега имаме три од три победи ова лето на европските натпревари одиграни во Македонија. Зенит е тежок противник, силен тим, но воопшто не помислуваме на предвремено предавање. Напротив, со поддршка од навивачите сакаме нов успех“ – рече Грнчаров на прес-конференцијата.

„Вардарци“ од 20:30 часот на „Филип Втори“ ќе го одработат и последниот тренинг пред утрешниот натшревар кој почнува од 21:05 часот.

Се вчитува...