Грнчаров прв донесе радост за Вардар, Ибраими возврати (ВИДЕО)

Шкендија и Вардар одиграа одличен меч во Тетово и на крајот ремизираа, 1-1. Многу шанси создадоа и двете екипи, домаќинот Шкендија имаше повеќе од играта, но Вардар прв поведе на дербито.

Бобан Грнчаров во 79.минута го отвори резултатот, откако ја погоди мрежата на Шкендија со удар со глава, по корнерот на својот тим. Но, шест минути подоцна Бесарт Ибраими успеа да израмни, со шут од 15 метри, по убавото проигрување од Арменд Алими.

Се вчитува...