Грнчаров во ПРЕСИНГ: „Во Работнички на иста врата плата чекаа и кошаркарите и пола судии…, Кога Давитков се јави да биде тренер на МЗТ!“

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“, гости две и тоа како незаборавни имиња од македонската кошарка во изминатите 20 години, Ненад Зивчевиќ и Тони Грнчаров.

Меѓу бројните теми, посетување и на времињата за македонската клупска кошарка, поранешниот директор на МЗТ Скопје, Тон Грнчаров, се потсети и на влијанието кои одредени клубови го имале врз судиите во домашната кошарка, но и за политичките влијание, со оглед на фактот дека најдобрите клубови од Скопје се под општинска капа.

„Kолку странски тренери доаѓаа, ама Марин Докузовски не можеле да го победат. Мора да истакнам дека е одличен тренер, кој освои многу титули со Работнички. Но, мора да признаеме, има една приказна, не знам дали е вистинита,но кажуваа играчи. Чекаме, вика, ние ред кај Поли, плата да се земе, вика, и пола судии и тие чекаат ред за плата да се земе. До толку беше – сега некој ќе каже…, ама тоа е вистината. Ми кажуваа мене играчи лично. Сега да не ги именувам судиите, ги знам и кои се. До толку беше Работнички моќен во тој период што држеше се и затоа направија добри резултати. Но, Мартин навистина беше добар тренер. Има и негативни работи, нормално кај него, но не може човек и да е идеален“ – вели Грнчаров.

Што се однесува до Ацо Тодоров…

„Ацо Тодоров, имам многу добро мислење за него и надвор од терен, ти се посветува, другар е со тебе. Првата титула со него ја освоивме. Знае добро да менаџира. Значи, сè е перфектно кај него, од како си облечен до каква фризура носиш, до, не знам, услови, пари на време, се бори за секој играч. А, дека Ацо Тодоров не потекнува толку од спортот, не бил кошаркар туку новинар, во спортот не беше добро прифатен, во кошаркарските кругови, потценувачки. Ама ете им докажа на сите, и направи резултат и надвор од државата и беше ценет“ – дополнува Грнчаров.

А, за политичките влијанија, пред се во најтрофејните клубови, кои се општински…

„Да, имаше и политички влијанија. Се јавувале, сега да не ги именувам….. политички! Кога бевме во Струмица, ми се јавуваа за Јоцо Давитков да биде тренер, а и во МЗТ Скопје една година, го сменивме Ѓоле Кочов и Давитков лично ми се јавува. Вика бе Грне знаеш јас тука, знаеш… викам ама чекај сега, како ќе дојдеш ти во МЗТ? Знам какво мислење има цел Аеродром, јас другарски со него, за тебе…. Му запалија еднаш колата и, викам, ќе си направиме само проблем. И, викам, зошто да си правиме проблем? Нееее, вика, тоа ќе се заборави за два-три натпревари… Така да, кај нас е така“ – истакнува Тони Грнчаров.

=====================================

ЗАСЛЕДЕТЕ ГО НАШИОТ ЈУТЈУБ-КАНАЛ

======================================

Се вчитува...