„Гробари“ на неверојатен начин се простија од капитенот Саша Илиќ (ФОТО)

Партизан играше многу слабо во текот на целата сезона, не само што остана без титула, туку го загуби и второто место од Раднички Ниш, но „црно-белите“ успеаја да си ја спасат сезоната со освоениот трофеј во Купот на Србија.

Натпреварот ќе остане во сеќавањето на фановите на Партизан, бидејќи својот последен меч за белградскиот тим го одигра капитенот и легенда на тимот Саша Илиќ. Навивачите подготвија неверојатна кореографија за својот капитен, на кого со факели го напишаа бројот 22, кој Саша Илиќ го носеше во Партизан.

Се вчитува...