„Гробарите“ слават: Партизан, среќен 76-ти роденден!

Југословенското спортско друштво Партизан и фудбалскиот клуб Партизан слават 76 години од нивното основање. Фудбалскиот клуб, кој беше иницијатор на ЈСД, беше основан како Спортско здружение на Централниот дом на југословенската армија. Во исто време, беа формирани секции за кошарка, атлетика, шах и одбојка.

Воениот командант Пеко Дапчевиќ, кој некогаш беше еден од претседателите на ЈСД Партизан, во 1995 година откри како е донесена одлуката за основање на клубот.

„Повеќето од нас, млади генерали кои играа и го сакаа фудбалот, се собравме и се согласивме да основаме фудбалски клуб. Немаше тензија околу името: бевме партизани и најприродно беше нашиот клуб да се вика Партизан”, рече Дапчевиќ.

Партизан освои 27 шампионски титули, и триумфираше во Купот 16 пати. „Црно-белите“ беа вице-шампиони на Европа во 1966 година, а во 1978 година го освоија Купот на Централна Европа. Партизан го одигра првиот натпревар против Спортинг во историјата на Купот на шампионите, кога најпрестижното натпреварување штотуку беше основано во 1955 година, тогаш играше во два наврати во Лигата на шампионите со нов формат.

Рекордер по број на натпревари за Партизан е поранешниот капитен Саша Илиќ со 873 натпревари, додека најдобар стрелец е Стјепан Бобек со 425. Партизан е еден од најголемите спортски клубови во светот, а по резултати, достигнувања и број на врвни спортисти од 27 секции, еден е и од најуспешните во светот.

Се вчитува...