Гронер израмни, но Радески веднаш врати за нова предност на Струга ТЛ (ВИДЕО)

„Голеада“ за само 25 минути од вториот дел на дербито меѓу Струга ТЛ и Шкупи, откако по првиот дел немаше голови, благодарение на голманот Иљази кој му одбрани пенал на Ибраими во раната фаза од натпреварот.

Меѓутоа Струга ТЛ во 54. минута преку Шабани дојде до предност, и кога се чинеше дека ја има контролата на мечот, „шок“ за домашните приреди Гронер, кој успеа убаво да се снајде во шеснаесетникот и во 66. минута да донесе „симетрија“.

Но, Струга ТЛ не чекаше многу да врати, па после само две минути Радески убаво се снајде во мешаницата, за да погоди и да донесе нова предност за стружани. Супер интересно е во вториот дел, а сега се очекува жесток притисок на Шкупи, со што ќе остави простор за Струга за некоја контра.

Се вчитува...