Ракометната репрезентација на Грција е творец на најголемото изненадување во бараж-квалификациите за Светското првенство во 2027 година, откако ја елиминираше фаворизираната селекција на Холандија.
Иако предводени од суперѕвезди како Лук Стеинс, Кај Смитс, Рение Табоада и Ларс Коој, Холанѓаните немаа одговор за мотивираните Грци. По првиот триумф од два гола разлика на домашен терен, грчките ракометари одиграа уште помоќно на гостински терен и ја преслушаа Холандија среде Ајндховен со 33-38.
И Полска обезбеди пласман на Светското првенство откако по вистинска драма на домашен терен ја елиминираше селекцијата на Австрија. Иако Полјаците имаа предност од еден гол од првиот меч, денешниот реванш донесе огромни осцилации кај двете селекции.
Австрија одигра фантастично во поголемиот дел од мечот и имаше високо водство од 12-172, загрозувајќи ги сите надежи на домаќинот. Сепак, Полска се врати во игра во завршницата, а херој беше Михал Дашек, кој постигна гол на само пет секунди пред крајот за конечни 30-30.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
