Грците го сменија селекторот

Раководството на Грчката фудбалска федерација (ЕПО) му врачи отказ на селекторот Михаел Скибе и на негово место на клупата на грчката репрезентација го назначи домашниот стручњак, Ангелос Анастасиадис.

Германскиот стратег доби отказ по лошите резултати на грчката репрезентација во Лигата на нациите  што е веќе трето натпреварување во кое Грците се без позначаен резултат.

Скибе ја презеде репрезентацијата на Грција во 2015 година и под негово водство Грците  не успеаја да се пласираат на Европското првенство во 2016, а потоа го пропуштија и Светското првенство во 2018.

Репрезентацијата на Грција моментно е на второто место во групата 2 во третата категорија од Лигата на нациите со шест бода помалку од Финска која е лидер во групата и речиси без шанси за пласман во повисок ранг.

Новиот грчки селектор во својата тренерска кариера ги водеше Панатинаикос и ПАОК, а од 2004 до 2011 година беше селектор на репрезентацијата на Кипар.

Се вчитува...