Грците изненадувачки пресамоуверени: Дојдовме во Струмица по победа…

Македонската ракометна репрезентација денеска во 18 часот очекува триумф против Грција во последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 и реванш против јужниот сосед за поразот во првиот меѓусебен дуел во Кожани.

Но, очигледно и Грците допатуваа во Македонија со единствена желба за победа и на овој меч и повторување на оној шокантен триумф од 28. октомври минатата година.

„Факт е дека самодовербата кај нас е на највисоко ниво и по она реми со Исланд. Напредуваме на секој натпревар и затоа сме максимални оптимисти и пред денешниот дуел во Струмица. Огромна е желбата кај нас да дојдеме и до втора победа. Верувам дека ќе биде одличен меч и докрај неизвесен“ – вели селекторот на Грција, Јани Арванитис, пред денешната средба.

Се вчитува...