Грците со Јанис Адетокумпо ќе атакуваат на место на ЛОИ во Париз

Грчката кошаркарска федерација го објави списокот на повикани кошаркари за престојните квалификации за место на Летните олимписки игри во Париз. Истиот е исполнет со најголемте ѕвезди на грчката кошарка меѓу кои и НБА ѕвездата, Јанис Адетокумпо.

Адетокумпо е единствениот кошаркар кој настапува во НБА лигата, но на списокот се и еволигашите Костас Папаниколау, Ник Калатес, Костас Слукас, Јанулис Ларензакис, Грегорис Папајанис, Костантинос Митоглу…

Од натурализираните кошаркари селекторот Василис Спанулис одново се одлучи за бекот Томас Воклап.

Грција ќе ја има поддршката на домашните фанови со оглед на тоа што е домаќин на турнирот во Пиреја каде во првата фаза ќе се сретне со Египет и Доминиканската Република.

Се вчитува...