Кристијано Роналдо во својата прва сезона во ЛШ како член на Јувентус ќе се сретне со својот поранешен клуб Манчестер јунајтед. Денешниот ждреб го смести Јунајтед во групата Х каде носител беше Јуве, а пласманот во осминафиналето нема да биде нималку лесен ако се знае дека дел од оваа група е уште и шпанската Валенсија, како и аутсајдерот Јанг бојс.
Тешка задача ќе има и актуелниот вицешампион Ливерпул, кој од третиот шешир беше избран во групата Ц, заедно со дрим-тимот на ПСЖ и со италијанскиот вицепрвак Наполи. Дел од оваа група е и Црвена звезда, која се најде во исклучително квалитетно друштво во својата пва сезона во Лигата на шампионите.
Европскиот првак Реал Мадрид не би требало да има проблем да ја мине групата во која за противници ги има Рома, ЦСКА Москва и Викторија Плзен.
Убедливо најнеизвесна и најнеатрактивна ќе биде групата Д, во која битка за првите две места ќе водат Локомотив Москва, Порто, Шалке и Галатасарај.
ГРУПА А: Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Монако, Бриж
ГРУПА Б: Барселона, Тотенхем, ПСВ Ајндховен, Интер.
ГРУПА Ц: ПСЖ, Наполи, Ливерпул, Црвена звезда.
ГРУПА Д: Локомотив Москва, Порто, Шалке, Галатасарај.
ГРУПА Е: Баерн Минхен, Бенфика, Ајакс, АЕК.
ГРУПА Ф: Манчестер сити, Шахтјор, Лион, Хофенхајм.
ГРУПА Г: Реал Мадрид, Рома, ЦСКА Москва, Плзен.
ГРУПА Х: Јувентус, Манчестер јунајтед, Валенсија, Јанг бојс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА