Грузиецот Орјоникидзе го продолжи договорот со ГРК Охрид

Македонскиот ракометен суперигаш ГРК Охрид ја продолжи соработката со одличниот грузиски интернационалец Тимо Орјоникидзе.

Грузиецот во „Билјанини извори“ ќе остане и следната натпреварувачка сезона откако потпиша договор до 2025 година.

Охрид игра одлично во плеј-офот во домашниот шампионат и во моментов се наоѓа на второто место со само еден пораз.

Се вчитува...