Грузиски атлетичар е суспендиран од ЛОИ, падна на допинг тест!

Атлетичарот Беник Абрамјан, кој ја претставува репрезентацијата на Грузија нема да учествува на Летните Олимписки Игри во Токио, откако овој фрлач на ѓуле паднал на допинг и нема да биде дел од квалификациите во оваа атлетска дисциплина.

Грузиецот има право на Б-тест, кој во случајов со настапот на ЛОИ нема многу да му помогне, но има шанса да ја докажува својата невиност во обид да избегне жестока суспензија од светската атлетика.

Како што објави Меѓународната анти-допинг агенција (ВАДА), Абрамјан паднал на два стероиди и еден хормон, а тој во саботата бил тестиран и допинг-тестот се покажал позитивен, па сега е привремено суспендиран.

Ова требаше да бидат негови втори Игри после тие во Рио де Жанеиро, каде не успеа да стигне до финалето.

Се вчитува...