Гудмундсон: Македонија не може да одигра онаков меч двапати по ред, во Скопје одиме на победа

Селекторот на Исланд, Гудмундур Гудмундсон верува дека неговата репрезентација може да изненади на утрешниот квалификациски натпревар во Скопје и да стигне до триумфот на дуелот против Македонија.

Гудмундсон потенцира дека Исланд одиграл лош меч во одбрана кој не може да се повтори, а Македонија, пак, одиграла одличен напад кој исто така тешко дека може да го повтори двапати по ред…

„Не верувам дека ние може да одиграме повторно така лошо во одбраната. Тоа одлучи да го загубиме натпреварот во Рејкјавик со 33-34. Но, сега знаеме каде ни беа грешките и во Скопје сигурно посакуваме да стигнеме до реванш победа. Македонија исто така тешко дека може да одигра онаков натпревари двапати по ред. Беа одлични во нападот, нешто кое не изненади. Во секој случај мотивирани сме за надигрување на гостински терен“ – вели Гудмундсон пред утрешниот дуел.

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд од квалификациите за ЕП 2020 се игра утре со почеток од 20 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Македонските ракометари ќе имаат максимална поддршка од трибините кои ќе бидат исполнети до последно место.

Се вчитува...