Гудмундсон: Секогаш е неизвесно кога играат Исланд и Македонија

Селекторот Гудмундур Гудмундсон ги предупреди своите ракометари дека нема да им биде нималку лесно на претстојниот натпревар што Исланд утре ќе го игра на домашен терен против Македонија.

„Секогаш е неизвесно кога играат Исланд и Македонија, очекувам таков натпревар и овојпат. Имаме четири бода, но со нетрпениие ги очекуваме овие две средби со Македонците, кои дефинитивно се најголем предизвик во групата. Противникот е квалитетен, располага со различни оружја во нападот, има и одличен голман. Сега има и нов селектор, па не може точно да се предвиди како ќе игра Македонија, но во секој случај знаеме дека нема да ни биде нималку лесно“ – истакна Гудмундсон за исландските медиуми.

Натпреварот меѓу Исланд и Македонија се игра утре вечер во 21.45 часот. Вториот меч на програмата е в недела во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Се вчитува...