Гудмундсон: Скршени сме после ваков пораз

Исланд доби жесток удар од Македонија во Рејкјавик. Во последната секунда Дејан Манасков постигна гол за важен триумф (33-34) и за преземање на првата позиција во квалификациката група. Исланѓаните почнаа фуриозно, но на крајот македонските ракометари беа тие што се радуваа. Селекторот Гудмундур Гудмундсон признава дека тој и неговите ракометари се скршени после еден ваков развој на настаните.

„Скршени сме, тоа мора да го признаеме. Почетокот не навестуваше дека ќе се загубиме. Игравме добро, имавме четири гола предност. Но, влеговме во грешки, а и во самиот финиш направивме кобна грешка. Сепак, самите сме виновни, судиите постапија според правилата. Мораме да научиме многу од овој пораз и да се кренеме психолошки пред следниот меч во Скопје“, изјави селекторот на исландскиот национален тим.

Македонија ќе го пречека Исланд в недела во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Се вчитува...