Гуедеш се врати назад во Валенсија

Гонсало Гуедеш ќе ја игра и наредната сезона во дресот на Валенсија откако шпанскиот клуб успеа да постигне договор со ПСЖ и целосно да го откупи неговиот договор со францускиот шампион. Гуедеш минатата сезона играше во одлична форма за Валенсија, што придонесе ПСЖ да ја зголеми цената што ја очекува за него на огромни 80 милиони евра.

Времето минуваше, никој не испраќаше ниту приближна понуда  на сумата што ја бараа „светците“, а бидејќи Тухел не смета на младиот Португалец раководството на клубот беше ставено во „мат позиција“ – и на крајот прифати „само“ 40 милиони евра за Гуедеш.

Можеме да потврдиме дека е постигнат целосен договор со ПСЖ за трансферот на Гонсало Гуедеш“ – објави Валенсија на својата официјална веб-страница.

Португалскиот репрезентативец сигурно ќе биде од огромна помош на овој клуб по слабиот старт на сезоната, во која Валенсија влезе со еден освоен бод по првите две кола.

Се вчитува...