Ѓукиќ: Да се вратиме во Скопје со бодови од Норвешка

Македонскиот ракометен шампион Вардар утре со гостинскиот натпревар против норвешки Елверум ќе ја стартува новата сезона во Лигата на шампионите.

Крилото на „црвено-црните“, српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ очекува тежок натпревар бидејќи противниците играат многу брз ракомет.

„Очекуваме тежок натпревар. Тие имаат млада екипа. И лани беше заедно со Вардар во иста група. Најсилна страна на Елверум е нивниот брз центар и нападот. Играат брзо, шутираат многу. Верувам дека ќе освоиме бодови. Се подготвуваме долго. И се надевам во Скопје ќе се вратиме со бодови“, изјави Ѓукиќ.

Натпреварот меѓу Елверум и Вардар е закажан за утре со почеток во 18.45 часот.  

Се вчитува...