Гулит: Ова беше најлесен натпревар за Ајакс сезонава

Ден по катастрофата која им се случи, не престануваат критиките на сметка на играта и настапот на Реал Мадрид. На критиките кон „кралскиот клуб“ се надоврза и легендата на холандскиот фудбал, Руд Гулит, кој работи како стручен коментатор за „Беин Спорт“.

„Кога видов како изгледаше средниот ред на Реал против Барселона, си помислив „па ова е идеален противник за Ајакс“. Тешко е за оваа победа да се збори како изненадување. Најлошо од се е тоа што можеби ова беше најлесен натпревар за Ајакс сезонава. Наш најлесен натпревар во сезоната – против Реал! Дури и во холандско првенство Ајакс нема волку лесни натпревари“ – рече Гулит.

Легендата на холандскиот фудбал се осврна и на одлуката на Зидан и Роналдо да го напуштат Мадрид.

„Зинедин Зидан беше доволно мудар да побегне од Реал Мадрид заедно со Роналдо. За тоа и се работи. Се знаеше дека неговиот наследник ќе има тешка работа“ – додаде Гулит.

Се вчитува...