Гунарсон за Столе: Тој нивен пивот од 140 килограми не можеш да го запреш!

Исланѓаните, сосема очекувано, останаа повеќе од разочарани по првиот пораз на домашен терен по цели 13 години. Македонија на извонреден начин дојде до голема, слатка, победа против Исланд.

Според најдобриот ракометар на Исланѓаните, Арнор Гунарсон клучно за нивниот пораз била лошата одбрана. Посебно над македонскиот пивот Столе Стоилов.

„Не можам да разберам како може на домашен терен да примите 34 гола. Лоша одбрана. Но, ете видовте и сами, имаат пивот од 140 килограми и кога ќе ја прими топката на линијата нема одбрана. Навистина е тешко да се игра против него, затоа што има и некои непредвидливи движења. Ова беше луд натпревар, но ништо не е загубено затоа што во Скопје одиме по победа. Ќе биде тешко но мора да се реваншираме за овој пораз“ -вели Гунарсон.

Се вчитува...