Гундоган се врати на терените по девет месеци, и повторно се повреди

Германскиот интернационалец Илкај Гундоган се врати на фудбалските терени по пауза од цели девет месеци поради повредата на предните вкрстени лигаменти на коленото. Тој беше дел од составот на Манчестер сити на синоќешниот меч од Лига-купот на Англија против ВБА, но повторно заработи повреда. Тој доби удар во истото колено и поради внимателност мораше да биде повлечен од игра.

„Се радувам за неговото враќање. Гундоган помина низ тежок период, но напорно работеше за да се врати на фудбалот. Успеа во тоа, но секако дека сега ќе има мали проблеми додека го фати натпреварувачкиот ритам. Новата повреда не е страшна, тоа е само еден посилен удар, но мораме да го заштитиме Илкај“, изјави Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити.

Се вчитува...