Гурбиндо и Нијокас се простија од Нант, следна дестинација – Македонија

Со завршувањето на фајналфор турнирот во Келн и официјално беше ставен крај на соработката меѓу Нант и Едуардо Гурбиндо и Оливие Нијокас, двајца бекови чии договори истекоа со крајот на сезонава и тие како слободни играчи го напуштаат францускиот клуб.

Интересно, двајцата искусни бекови кариерата ја продолжуваат во Македонија, и тоа Гурбиндо како член на Вардар, а Нијокас во дресот на Металург.

Годините минати во Нант се многу значаен чекор за мене. Мојот син Лијам е роден во Нант, овој град засекогаш ќе остане во моето срце. Да се каже збогум е претешко, повеќе би сакал да кажам – ќе се видиме наскоро“, изјави Гурбиндо.

Оливие Нијокас не добиваше премногу шанси кај тренерот Ентрериос, по што минатиот месец го договори трансферот во Металург, каде ќе настапува со својот брат Кевин.

„Овде живеев прекрасна авантура. Сакам да им се заблагодарам на сите, на навивачите, соиграчите, волонтерите, на сите вработени во клубот“, порача Нијокас при заминувањето од Нант.

Се вчитува...