Гурбиндо: Ми кажуваа едни работи за Вардар, кога дојдов видов нешто сосема друго…

Едуардо Гурбиндо ќе си замине од Вардар без ниту еден официјален натпревар во дресот на „црвено-црните“, откако шпанскиот десен бек за само петнаесетина дена влезе во конфликт со тренерот Вујовиќ и самиот побара да му биде дозволено да се пресели во Динамо Букурешт.

Трансферот во таборот на романскиот првак се уште не е комплетиран, но Гурбиндо во изјава за шпанските медиуми прокоментира дека е разочаран од она што го дочекал во таборот на македонскиот шампион.

„Кога преговаравме за моето доаѓање ми кажуваа едни работи за Вардар, ми претставуваа сериозен проект. Сегга кога дојдов, она што го видов е сосема различно од она што ми беше најавувано. Трансферот во Динамо Букурешт e целосно договорен меѓу сите страни, се чека само на некои документи за истиот да биде официјализиран“, изјави Гурбиндо.

Се вчитува...