Ѓурѓевиќ од Работнички се пресели во Влазнија Скадар

Досегашниот фудбалер на Работнички, Фахрудин Ѓурѓевиќ кариерата ја продолжува во албанскиот тим Влазнија од Скадар.

По квалитетната сезона во дресот на „романтичарите“ офанзивецот доаѓа во Влазнија како сериозно засилување за  настапите на тимот во новата УЕФА Конференциска лига.

За Влазнија веќе настапуваат и Мевљан Адили, Александар Исаевски и Демир Имери. Претходно во кариерата Ѓурѓевиќ настапуваше и за Македонија ЃП и Вардар во македонскиот шампионат, како и за Спартак Суботица во Србија, Градачац во БиХ и Варнсдорф во Чешка.

Се вчитува...