Ѓуроски и Аликанте се вратија на победнички патеки

Стојан Ѓуроски и Аликанте експресно се вратија на победнички патеки во втората шпанска лига, рехабилитирајќи се од првиот овосезонски пораз со сигурна победа на гостувањето против Мурсија (65-71).

Аликанте го контролираше резултатот во голем дел од натпреварот, Мурсија се приближи на само три поени негатива во финишот, но Ѓуроски и соиграчите одговорија на тој предизвик, го издржаа завршниот притисок и стигнаа до триумф, вкупно седми во првите осум натпревари од оваа сезона.

Македонскиот репрезентативец постигна 11 поени со што беше втор стрелец на својот тим, а зад неговото име останаа запишани и четири скока, две асистенции и една украдена топка.

Се вчитува...