Ѓуроски ја одржува Хуеска во живот за плеј-оф

Стојан Ѓуроски е најзаслужниот што Хуеска го зеде скалпот на Овиедо, славејќи со 68-66 и останувајќи во игра за место во плеј-офот и битка за влез во шпанската кошаркарска елита.

Овиедо моментно е второпласиран на табелата, но тоа беше само мотив повеќе за кошаркарите на Хуеска со одлично издание да стигнат до значајна победа. Ѓуроски постигна 15 поени, имаше и девет скока, воедно го погоди и клучниот шут на натпреварот, тројка за водство од 65-62 на една минута до крајот.

По 29 одиграни натпревари тимот на Хуеска има скор од 16 победи и 13 порази.

Се вчитува...