Ѓуроски на фајналфор за влез во Ендеса-лигата

Стојан Ѓуроски со екипата на Мелилја се пласираше на фајналфор турнирот од втората шпанска лига, чиј победник ќе обезбеди влез во Ендеса-лигата за наредната натпреварувачка сезона.

Мелилја вечерва играше мајсторка против Валјадолид, меч во кој тимот на Ѓуроски доминираше и заслужено триумфираше со 77-71. Победата можеше да биде и многу поубедлива ако се знае дека домаќините имаа предност од 46-25, но најважно сепак е што Ѓуроски и соиграчите не потклекнаа во клучните моменти кога гостинот опасно се приближуваше и на крајот заслужено стигнаа до билетот за Ф4.

Македонскиот репрезентативец го заврши вечерашниот решавачки натпревар со пет поени, пет скокови, две украдени топки и една асистенција.

Се вчитува...