Ѓуроски најдобар стрелец, Аликанте е „два од два“ во Шпанија

Стојан Ѓуроски и Аликанте ја забележаа и втората победа на стартот од втората шпанска лига, откако лесно и убедливо триумфираа на домашен терен над Леида со 82-65.

Ѓуроски и соиграчите доминираа на теренот, во првите три четвртини создадоа предност од дваесет поени, по што тренерот на Аликанте имаше можност да тактизира со составот во последните десет минути од мечот.

Македонскиот репрезентативец беше најдобар стрелец во својот тим постигнувајќи 13 поени, надополнети со три скока и една украдена топка.

Се вчитува...